80
Српскиот фудбалер Адем Љајиќ ќе заигра кошарка и тоа во Нови Пазар.
Кошаркарскиот клуб Нови Пазар 1969 потврди дека Љајиќ ќе биде на располагање на тренерот за одредени натпревари и ќе заигра во третиот ранг во Србија. Иако тој е активен фудбалер и игра во истоимениот фудбалски клуб, Љајиќ ќе се проба и под обрачите.
Според објавата на кошаркарскиот клуб, Адем Љајиќ нема целосно да се префрли на кошарката, туку ќе игра натпревари кога ќе може да ги усклади обврските со фудбалските.
Своевремено Љајиќ беше и репрезентативец на Србија, а настапуваше за клубови како Интер, Рома, Фиорентина, Торино…