431
Хрватските медиуми јавуваат дека поранешниот ас на Динамо и репрезентацијата на Хрватска, Звонимир Бобан, е на чекор од враќање во клубот од „Максимир“.
Бобан беше меѓу првите кои отворено ја поддржаа навивачката група „Бед Блу Бојс“ и Велимир Заец, кој стана симбол на демократските промени во клубот и на последните избори. Иако евентуалната функција на Бобан формално би била под онаа на Заец, шпекулациите велат дека би можел да стане клучна фигура во раководењето со Динамо.
„Модрите“ неодамна направија тренерска смена, поточно му врачија отказ на Фабио Канаваро и моментално се во потрага по нов тренер.