1,7K
Aвстрискиот репрезентативец Давид Алаба пред неколку дена се врати на тренинзите на Реал Мадрид по паузата поради тешката повреда.
Карло Анчелоти соопшти дека од 20 јануари би требало да го има Алаба на располагање за натпреварите.
На тренинзите Австриецот се врати и со нов имиџ. На почетокот од годината тој објави неколку фотографии и снимки, а најмногу внимание привлече неговата фризура.