Напаѓачот на Њукасл, Ентони Гордон е топ тема на социјалните мрежи откако на тренинг се појави со автомобил каков што претходно не е виден во Англија.
Изминатово лето, Ентони Гордон често беше актуелен во трансфер шпекулациите, напаѓачот беше мета на Ливерпул и малку фалеше да направи предавство и по настапот во Евертон, да го облече црвениот дрес на лутиот градски ривал.
Англичанецот сега привлекува внимание откако на тренинг се појави со автомобил кој го нема никој друг во Англија.
Се работи за возилото Хамер ЕВ, кое вреди околу 200.000 фунти и им е прилично познато на вљубенците во видео игрите како Кол од Дјути и ГТА.
@NUFC player Anthony Gordon leaves training in a @GMC Hummer EV!
— Leasing.com (@Leasingdotcom) September 19, 2024
Rate the Newcastle stars ride below #NUFC // #GMCpic.twitter.com/B72WtBWv4U