Ѕвездата на Баерн: Барселона е мој омилен тим!

by Стефан
1 минути читање

Баерн Минхен и понатаму го чека Џамал Мусиала да потпише нов договор, а додека преговорите се во тек Германецот не крие дека Барселона е неговиот омилен клуб.

Мусиала е еден од лидерите на Баерн и германската репрезентација и неговиот договор е со важност до 2026 година, па не чуди што управата сака да го обезбеди неговиот потпис.

Не е тајна дека гигантите ја следат ситуацијата и ако влезе во последната година од договорот сигурно ќе има реакција од одредени клубови.

„Барселона е мојот омилен тим. Имам дрес од Меси, а како дете секогаш носев дрес со неговото име на грбот. Исто така имав и од Нејмар, меѓутоа Меси беше мојот најголем херој. Средниот ред со Чави, Иниеста и Бускетс беше нешто фантастично. Колку и да ги гледав нивните натпревари никогаш не ми беше досадно“, изјави Мусиала за „Билд“.

Во продолжение потврди дека не е сигурен во продолжувањето на соработката со Баерн.

„За жал не мжам на навивачите да им ветам таков подарок за Божиќ. Нема да има било какви вести околу тоа прашање во блиска иднина. Играме голем број натпревари, цело време патуваме и мојата главна цел е да се сконцентрирам на своите настапи на теренот“, истакна германскиот фудбалер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани