Европската куќа на фудбалот ја санкционираше Црвена Звезда за случувањата во натпреварот против Лил во Лига Европа.
„Црвено-белите“ ќе треба да платат вкупно 95.500 евра, при што најголемиот дел, 40.000 евра се однесува на истакнување порака оценета како несоодветна за спортски настан, со што, според УЕФА, е нарушен угледот на фудбалот и самата организација.
Спорната кореографија на навивачите го прикажуваше ликот на Свети Симеон, проследена со пораката дека верата треба да води до победа.
Дополнително, клубот е казнет со 17.000 евра за палење факели, 10.500 евра за фрлање предмети на теренот, како и 28.000 евра поради блокирање на пристапите на трибините.
Казна доби и францускиот Лил, кој ќе плати 89.000 евра, откако неговите навивачи истакнаа транспарент со политичка содржина и порака „Косово е Србија“.
Францускиот тим е санкциониран со 40.000 евра за употреба на пиротехника и фрлање предмети, како и со дополнителни 24.000 евра поради блокирање на скалите на стадионот.