317
Фудбалерите на Црвена Звезда со пресврт успеаа да слават во дербито против Партизан со 2-1.
Звезда веќе ја обезбеди титулата во првенството, па така овој натпревар за нив немаше резултатско значење, но мотив во дербито со „вечниот ривал“ секогаш има.
Партизан прв дојде до водство со голот на Алдо Калулу во завршницата од првото полувреме со тој гол заминаа и на паузата.
Звезда успеа да израмни дури во 84. минута кога во листата на стрелци се запиша Андрија Максимовиќ, а за комплетен пресврт се погрижи Дурте со голот три минути подоцна.
На табелата Звезда сега дојде до 89 бода со 29 победи и два нерешени резултати сезонава, додека Партизан на втората позиција има 63.