Звезда долго ќе жали, Лил победи во Белград по продолженија! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Црвена Звезда не успеа да ја одбрани минималната предност од првиот натпревар и по продолженија беше поразена со 2-0 од Лил, со што го заврши настапот во плеј-оф фазата од Лигата на Европа.

Српскиот шампион реваншот го дочека со гол предност од Франција и надеж дека пред својата публика ќе ја завери визата за осминафинале. Но, сценариото тргна во сосема поинаков правец. Французите уште на стартот испратија јасна порака и по само четири минути игра, искусниот Оливие Жиру ја затресе мрежата по асистенција на Андре со што резултатот брзо се врати како на почетокот.

Во продолжението гостите ја контролираа играта, создаваа повеќе шанси и делуваа поорганизирано, додека Звезда тешко пронаоѓаше пат до противничкиот гол. И кога ќе се создадеше можност, недостасуваше завршниот удар што ќе ја врати надежта на трибините.

Регуларниот дел заврши без нови погодоци, но во продолженијата следуваше вистински шок за домаќините. Во 99. минута Мохамед Ндој погоди за 2-0 и донесе целосен пресврт.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×