Офанзивецот од
редовите на македонскиот вицепрвак, Стенио Жуниор ќе биде вон комбинација за
настап на првата пресметка со Милан во плејофот од квалификациите за Лига
Европа.
Дисциплинската
комисија при УЕФА одлучи да го суспендира фудбалерот на Шкендија на два
натпревари, тој веќе има еден натпревар под суспензија минат, и тоа реваншот
против Тракаи вчера, каде Шкендија со убедлива победа ја мина претпоследната
пречка во квалификациите за Лига Европа.
Бразилецот сепак
ќе биде на располагање на стратегот од клупата на тетовските „црвено-црни“,
Ќатип Османи, за реваншот, кој според најновата одлука на УЕФА, Шкендија ќе го
одигра на домашен терен пред своја публика.
Извор:
kfshkendija.com
Фото-вест:
KF Shkendija (Facebook)