Жунињо: Ми се гади од фудбалери како Нејмар кои поддржуваат фашисти

by
1 минути читање

Нејмар во неколку наврати јавно му даде поддршка на Болсонеро кој се смета за припадник на крајната десница.

Повеќе сонародници на Нејмар, вклучувајќи и фудбалски легенди се чудат како ѕвездата на ПСЖ може да поддржува фашист.

Со изјава се јави Жунињо кој рече: „Ми се гади кога гледам десничарски бразилски фудбалери како Нејмар како поддржуваат фашисти. Ние доаѓаме од долу и ние сме народот. Како можеме да бидеме од другата страна?’.

По поразот на Болсонаро, Нејмар на социјалните мрежи објави слика со бразилското знаме и напиша: „Да биде твојата волја, Боже“.

Поддршката на Нејмар за Болсонеро се верува дека повеќе е од лични причини отколку од политички убедувања.

Со доаѓањето на Лула, фудбалерот може да се соочи со постапка против него за затајување на данок. Велат дека се работи за огромна сума, од околу 40 милиони евра.

Наводно Болсонаро бил подготвен да го помилува Нејмар и да му го прости неплатениот данок, па токму затоа фудбалерот нему му ја даваше поддршката.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани