Жулио Цезар беше голман на Интер кога со Мурињо ја освоија легендарната тројна круна.
Па во интервју за „Газета дело Спорт“ вели дека Конте и покрај тоа што е добар тренер, не треба да се споредува со Мурињо.
„Конте работи одлично. Тоа е тренер кој бара пефекција и изгледа дека фудбалерите го разбираат тоа. Тоа е благодарение на нему“, вели Цезар.
„Интер со Конте ќе остане во трка за титулата до крајот на сезоната. Го сфатив тоа летото кога го сретнав на азиската турнеја и првите неколку натпревари ми го потврдија тоа“.
„Тој е победник, но нема споредба со Мурињо“.
„Фановите го скаат Жозе бидејќи направи неверојатни работи, се надевам дека и Конте ќе ги следи неговите чекори“.
„По девет години без Скудето време е сега да се освои“.