1,3K
Зука го носеше дресот на Шкупи од 2014 до 2017 година, а оваа сезона беше член на Работнички за кој одигра 18 натпревари.
„Чест е што повторно ќе бидам дел од Шкупи. Сезонава се вицепрваци, но од разговорите со раководството ми се допаднаа целите, слушнав многу добри работи за стручниот штаб и се надевам дека ќе ги исполниме целите“, вели Зука откако стави потпис на договорот со Шкупи.
Пред два дена Шкупи го откупи договорот на Фреди Алварез од Костарика со кого потпиша двегодишен договор. А го отпуштија напаѓачот од Мозамбк, Реџиналдо.
Шкупи рано ги почна активностите на пазарот поради настапот во квалификациите од Конференциската лига на УЕФА, новото натпреварување.