Жозе Мурињо се јави со изјава по повод критиките кои ги доби за тренингот во парк во Лондон

by
1 минути читање

Жозе Мурињо беше фатен како тренира со Ндомбеле во парк во Лондон, а Сесињон и Санчез џогираа еден до друг без социјална дистанца.

Пепораките од властите во Англија велат дека не смее да се излегува доколку не е неопходно, а за вежбање на отворено тоа мора да биде сам или со некој од семејството. Што значи дека Мурињо и играчите на Тотнем ги прекршиле правилата.

„Прифаќам дека тоа што го направив не беше во сооднос со протоколот на Владата и мора да имаме контакт само со членови на нашето семејство. Важно е сите ние да го дадеме нашиот допринос со тоа што ќе ги почитуваме владините совети со цел да им дадеме поддршка на нашите херои од здравството и да спасиме животи“, изјави Мурињо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×