Зошто Спортинг одбива веднаш да го пушти Аморим во Манчестер јунајтед?

by bojan
1 минути читање
РубенАморим

Манчестер јунајтед се сложија да ја плати откупната клаузула на Рубен Аморим, стратегот им кажа ДА на „ѓаволите“, но Спортинг одбива веднаш да го пушти на Олд Трафорд.

Манчестер јунајтед го одбра Рубен Аморим како наследник на Ерик тен Хаг и се надеваше дека Португалецот ќе седи на клупата веќе во недела и дербито против Челси.

Сепак, последните информации велат дека Рубен Аморим најверојатно ќе пристигне на Олд Трафорд во втората половина на ноември.

И покрај тоа што „ѓаволите“ се сложија да ја платат откупната клаузула на Рубен Аморим вредна 10 милиони евра и стратегот веќе кажа ДА, Спортинг одбива веднаш да го пушти.

Имено, во неговиот договор стои дека тој треба да најави 30 дена претходно дека го напушта клубот.

Па доколку Манчестер јунајтед сака што побрзо да го донесе стратегот на Олд Трафорд, ќе треба да плати неколку милиони повеќе.

Се шпекулира дека Спортинг бара да инкасира додатни 5 милиони евра, кои ќе бидат компензација за тројцата помошници на Рубен Аморим и ќе го „подмачкаат“ процесот на разделба.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани