„Зошто се обидуваш да ме ставиш во го*на?“ – Азар се смее на шпекулациите за трансфер во Реал (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во последно време
се почесто се говори дека Еден Азар летоска ќе стане новиот „Галактико“ и ќе заврши
на Сантијаго Бернабеу во рекорден трансфер од околу 100 милиони фунти.

По крајот на
вчерашниот дуел помеѓу Челси и Кристал Палас, Еден Азар заедно со сонародник
Кристијан Бентеке разговараа со ТВ каналот Плеј Спорт од Белгија.

„Немам што посебно да кажам, размислувам
натпревар за наптревар и се обидувам да играм што е можно повеќе, тоа е се
– одговори фудбалерот на Челси на
прашањето за иднината.

Новинарот потоа
дополнително го праша дали е привлечен од идеата за преселба во Шпанија, и
изнуди голема насмевка од Кристијан Бентеке но и интересен одговор од Еден
Азар.

„Зошто се обидуваш
да ме ставиш во го*на? Не, не, не. Добро ми е тука, има одредени работи кои треба да
ги завршам оваа сезона. Имам договор до 2020 и во моментов сум тука
.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани