Зошто Роналдо прв не шутираше пенал?

by
1 минути читање

Во пенал серијата
помеѓу Португалија и Чиле, Кристијано Роналдо немоќно гледаше од средината на
теренот како Браво го краде шоуто и „Ла Роха“ оди во финале.

Првата ѕвезда на
Португалија не дочека да шутне откако Кварезма, Мутињо и Нани промашија, па
многумина го нападнаа ЦР7 и прашаа зошто тој не шутирал прв.

Фудбалските фанови обвинуваа дека во прашање е егото на играчот, Кристијано Роналдо секогаш сака да
биде главен и во центарот на вниманието, па како последен изведувач има прилика
да донесе радост.

Марка сега ја
образложи целата ситуација и го отрки договорот кој го имал Кристијано Роналдо со
слекторот Фернандо Сантош.

Шпанскиот весник
вели дека клучно било тоа кој прв ќе шутира, дали Чиле или пак Португалија.

Во случај Португалија
да требала да ја отвори пенал серијата, Кристијано Роналдо ќе бил прв
изведувач.

Доколку пак фудбалер на Чиле прв требал да шутира, одговорноста за последниот
пенал ќе била во нозете на ЦР7.

Во фрлањето на паричката среќата го послужи Чиле, популарните „Ла Роха“ одбраа први да шутираат, па Кристијано Роналдо беше последен изведувач и не дочека да шутне.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани