Зошто Реал плаќа 61 милион евра за 16 годишно момче кое нема настап за првиот тим?

by
2 минути читање

Вчера медиумите
од Бразил најавија „трансфер бомба“, Реал Мадрид ја добива трката за вундеркидот
на Фламенго, Винисиус Јуниор.

Но деталите од
трансферот се шокантни, Реал Мадрид ќе одовои околу 61 милион евра за ангажман
на новото чудо од дете.

Барселона нудеше
25 милиони евра, играчот има откупна клаузула од 30 милиони евра, а Реал плаќа
45 милиони евра!

„Кралевите“ ќе
потрошат уште 16 додатни милиони евра наменети како провизии и бонуси за
играчот, неговото семејство и агентите.

Винисиус Јуниор
има само 16 години и нема настап за првиот тим на Фламенго, па се поставува
прашањето зошто Реал плаќа ваква сума која ги надминува границите на здравиот
разум?

Првата причина е
Нејмар. Реал Мадрид беше блиску до ангажман на Бразилецот, но Барселона успеа
да го украде напаѓачот од пред носот на лутиот ривал.

„Кралевите“ не
сакаат да им се повтори истата приказна, па решиле одлучно да реагираат веднаш за
што побрзо да го осигураат новиот фудбалски бисер на Бразил.

Шампионот на
Европа исто така верува дека Винисиус Јуниор перфектно се вклопува во нивните
стратегиски планови за спорт, маркетинг и економија.

Винисиус Јуниор
треба да пристигне на Сантијаго Бернабеу во јули 2018 кога ќе наполни 18
години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани