Жоао Феликс постигна хет-трик против Ајнтрахт, имаше и асистенција во победата од 4-2 на Бенфика во Лига Европа.
Интерес за него има речиси од сите големи клубови, Реал Мадрид, Барселона, Манчестер јунајтед, а сумата која ја бара Бенфика е околу 100 милиони евра.
Бенфика трие раце, а Порто може да жали бидејќи ја направиле една од најглупавите грешки во нивната историја.
Жоао Феликс од најрана возраст бил член на академијата на Порто, таму бил седум години, но кога наполнил 14 тие му се заблагодариле, оцениле дека нема да го биде поради ситната градба на телото.
Бенфика повеќе пати покажала дека има фантастични скаути, а тие виделе нешто во Жоао Феликс и го земале во нивниот клуб.
Од Порто, Феликс се сели во младинската школа на Бенфика каде во 2017 година бил префрлен до Б тимот, а од минатото лето во првиот тим.
#JoaoFelix #Porto #Benfica pic.twitter.com/RPH72djsM3
— Best Football Stories (@BestFootballSt1) April 12, 2019