Зошто Порто е „фабрика за пари“… (ФОТО)

by
1 минути читање

Вечерва се играат
другите две реванш пресметки во четвртфиналната рунда од Лигата на шампионите,
Порто пред своја публика ќе има тешка задача против Ливерпул откако загуби со 2-0
во првиот меч, а Тотенхем иако славеше со 1-0 на домашен терен, сега ќе се
обиде истото водство да го одбрани на гости кај Манчестер Сити.

Повеќе медиуми
најавувајќи ја пресметката во Португалија, го издвоија Едер Милитао, фудбалерот
кој веќе потпиша за Реал Мадрид и тоа за трансфер вреден 50 милиони евра,
трансферот беше официјализиран минатиот месец, а тој ќе се пресели во Кралскиот
клуб по крајот на актуелната сезона.

Во само осум
месеци, Порто реализираше цели 43 милиони евра профит на одличнио дефанзивец за
кого сериозен интерес имаше и од ПСЖ и Манчестер Сити, сепак, Порто уште еднаш
ги докажа на дело своите преговарачки капацитети и донесе ново богатство во
клупската каса.

Поврзано со
трансферот на Милитао, медиумите издвоија и каков е профитот на португалската
екипа од 2010. година па наваму, многу ѕвезди минаа низ екипата на Порто како
Фалкао, Хамес Родригез, Хулк.

Сумирано од тој
период па наваму, Порто има неверојатни близу 400
 милиони евра позитивни во однос на тоа колку ги
купи, а за колку ги продаде ѕвездите. Што се однесува до Милитао, тој во август лани ги засили редовите на португалската екипа за само седум милиони евра, а
трансферот беше реализиран во период кога неговиот договор со Сао Паоло беше во
последната фаза…

Можно е и ова да ти се допаѓа

×