Зошто Озил нервозно ја шутнал вратата од соблекувалната на Вајт Харт Лејн?

by
1 минути читање

Тотенхем лесно со 2-0 го победи Арсенал, а доколку на голот не беше одличниот Петр Чех, поразот можеше да биде и многу поголем. Информациите од Англија велат дека по мечот Месут Озил силно со ногата удрил по вратата од соблекувалната на Вајт Харт Лејн и оставил траг.

Медиумите од островото се обидуваат да ја пронајдат причината за таквото однесување на Озил.

Едната верзија е дека кога го напуштал теренот му рекле дека мора да направи допинг тест, но тој во прв момент одбил. Откако му рекле дека може да добие сериозна казна за тоа, тој ја шутнал вратата, а потоа незадоволно заминал на тестирање.

Озил бил фрустриран затоа што оваа сезона многу пати му се паднало баш тој да биде тестиран.

Другата верзија е дека Озил фрустрацијата за немоќта на Арсенал и поразот од големиот ривал ја истурил врз вратата.

И последната верзија е дека кај Озил владее општо незадоволство од амбициите на Арсенал и понудата за нов договор, што влијае на неговото расположение.

Во вториот дел од сезоната Озил има голем пат во перформансите, па англиските медиуми пишуваат дека засега Фенербахче е единствениот заинтересиран клуб за неговите услуги.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани