Зошто му даваат на Роналдо да шутира слободни удари? (ФОТО)

by
1 минути читање

Португалецот важи
за еден од најдобрите фудбалери на денешницата и еден од најдобрите во историјата а ваквиот статус
носи и одредени привилегии. Во Јувентус тој е прв изведувач на слободни удари и
има предност пред Миралем Пјаниќ и Пауло Дибала, кои исто така располагаат со
одличен шут.

Но статистиката
на Кристијано Роналдо е очајна, откако се пресели во Торино, нема постигнато
гол од дури 38 обиди. Неговите удари најчесто завршуваат во живиот ѕид, така
беше и денеска против Лион, кога ЦР7 имаше обиди од прилично солидни позиции но
не успеа да ја помине ниту првата пречка.

Дали егото треба
да биде ставено на страна за доброто на тимот, или Кристијано Роналдо треба да
продолжи да изведува слободни удари сепак е работа на Маурицио Сари и раководството
на Јувентус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×