„Росонерите“ се
главен играч на трансфер пзарот до овој момент, новите сопственици од Кина
заедно со новите први луѓе, генералниот извршен директор Марко Фасоне и
спортскиот директор, Масимо Мирабели сериозно ги засукаа ракавите.
Милан потроши
преку 200 милиони евра и ангажираше девет играчи: Матео Мусакио, Франк Кеси,
Рикардо Родригез, Андре Силва, Фабио Борини, Хакан Чалханоглу, Андреа Конти,
Леонардо Бонучи и Лукас Биља.
Клубот од Сан
Сиро нема да застане тука, целта е да се донесе уште едно звучно име во
нападот, а желби се Алваро Мората, Андреа Белоти и Пјер Емерик Обамејанг.
За разлика од
Милан, градскиот ривал Интер е прилично тивок до овој момент.
„Нероаѕурите“,
кој исто така имаа богати сопственици од Кина, се поврзуваат со голем број на
имиња, но до сега ги ангажираа само Милан Шкринијар од Сампдорија и Борха
Валеро од Фиорентина.
„Газета дело
Спорт“ денеска ја објасни ваквата ситуација и вели дека главна причина е
Финансискиот фер плеј кој го воспостави УЕФА.
Бидејќи изминатите
сезони играше во Европа, Интер е „под лупа“ на европската куќа на фудбалот,
трошоците не треба да бидат поголеми од приходите и 2017 треба да се заврши на
нула или во позитива.
Клубот требаше да
собере 30 милиони евра до 30. јуни за да не биде казнет, и токму ова се обиде
да го искористи Манчестер јунајтед и за 40 милиони евра (далеку помалку од
сумата која ја бара Интер) да го ангажира Иван Перишиќ.
Интер успеа преку
други продажби да ги собере потребните средства, да го одбие предлогот на
„Црвените ѓаволи“ и да избегне казна (најстрагата казна која УЕФА може да ја
изрече е забрана за настап во Европа и клубот од Џузепе Меаца по секоја цена
сака да го избегне ова).
За разлика од
Интер, Милан изминативе сезони не настапуваше во Европа, па „Росонерите“ не се
„под лупа“ на УЕФА и немаат ограничувања поради Финансиски фер плеј.
Затоа клубот од
Сан Сиро сериозно го „одврза ќесето“ и значително го засили тимот.