Зошто Гвардиола носеше жолта машничка на палтото на мечот со Арсенал (ФОТО)

by
2 минути читање

Жолтата машничка е симбол користен од луѓето кои бараат слобода за Жорди Кушарт и Жорди Санчез, претседатели на политичките партии Омниум и АНЦ, како и други членови на каталонската влада кои се обвинети поради барањето на независност.

„Се надевам дека политичарите кои се во затвор наскоро ќе бидат пуштени кај своите фамилии. Доколку тоа им се случило нив, може да ни се случи и нас. Луѓето не треба да бидат збунети и да мислат дека не може ова да им се случи и нив, бидејќи може“ – изјави Гвардиола.

„Не можеме да го игнорираме тоа дека 11 политичари или активисти кои не повредиле никого се во затвор само затоа што барале да се гласа“.

„Многу работи се случи но сето тоа е бидејќи ние сакавме да гласаме, бидејќи сакавме легален референдум. Решението е државата и Кталонија да се договорат и да можеме да имаме референдум со нивна согласност“.

„Додека тоа не се случи, ќе имаме само тешки ситуации. На крајот на денот, има луѓе во затвор бидејќи во нивната изборна програма имаше ветување дека доколку дојдат на власт ќе одржат референдум. Тоа и се случи. Тоа беше во нивното ветување“.


„Сега затоа што се гласаше тие се во затвор. Старадаат. А единствената работа која ја сакавме во овој процес беше да се гласа“.

„Страшно е дека отидовме премногу назад кога се законите во прашање. Се надевам дека тоа ќе биде корегирано и дека на 21 декември ќе имаме чисти демократски избори на кои ќе кажеме што сакаме. И колку што е можно побрзо да ги вратиме институциите и каталонскиот парламент онакви какви што беа“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани