Зошто голот на Азар е тажен за Премиерлига?

by
1 минути читање

Азар во последно време игра во фантастична форма, и се посилно се шпекулира дека од следната сезона ќе биде играч на Реал Мадрид. Тој има договор со Челси до 2020 година, па ако сака да си оди клубот ќе мора да го продаде на лето за да заработи од неговиот трансфер.

Гери Невил вели дека почувствув тага кога го гледа голот на Азар поради можноста тој да оди во Реал Мадрид и да не биде дел од Премиерлигата. Токму ваквата форма на фудбалерот и овие голови допринесуваат кралскиот клуб да тргне по Белгиецот.

„Кога ќе видите ваков гол како првиот, се чувствувате тажни на некој начин бидејќи тој силно се поврзува со Реал Мадрид“, вели Невил.

„Кога Реал Мадрид ќе почне да се поврзува со фудбалер и тоа толку силно, па го имате и говорот на телото на Азар дека сака да оди таму, имате чувство дека ова се неговите последни натпревари во Премиерлигата. Тоа е вистинскиот проблем за Премиерлигата дека најдобрите играчи ни ги зимаат Реал Мадрид и Барселона“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×