Обложувалницата Скај Бет откри дека секој втор облог на тоа кој ќе испадне од Премиерлигата оваа сезона е ставен на Манчестер Сити и покрај тоа што „граѓаните“ се прв фаворит за титулата.
Манчестер Сити доминира во Англија во последните години, тимот на Пеп Гвардиола има четири титули во низа во Премиерлигата, и дури шест пати беше шампиони во последните седум сезони.
Па сосема очекувано, обложувалниците ги сместија „граѓаните“ како прв фаворит за освојување на титулата и во сезоната 2024/25.
Но обложувалницата Скај Бет пријави необичен тренд, Манчестер Сити е далеку прв пик кога се во прашање облозите за тоа кој ќе ја напушти Премиерлигата.
Секој втор облог, односно дури 65% од облозите се на тоа дека „граѓаните“ ќе испаднат. Разликата со останатите е огромна, следен е Брајтон со само 6% од облозите, Ипсвич со 4% од облозите, Саутемптони Нотингем со по 3% од облозите и Евертон и Брентфорд со по 2% од облозите.
Причина за ова е спорот кој Манчестер Сити го има за прекршување на правилата за Финансиски фер плеј и обвинувањата по 115 точки.
Се очекува спорот да почне во септември-октомври, и се говори дека на „граѓаните“ им се заканува исфрлање од Премиерлига поради сериозноста на прекршоците.
Па очигледно голем број на љубители на фудбалот навиваат за едно вакво сценарио и сакаат да си ја пробаат среќата.
Обложувалницата Моцарт за сите нови играчи нуди огромен бонус, регистрирај се ТУКА и добиј бонус до 400 евра.