Зошто Агуеро ја тужи Барселона и си бара 3 милиони евра?

by bojan
1 минути читање
Агуеро

Медиумите од Шпанија откриваат дека Кун Агуер поднел тужба против Барселона и си бара 3 милиони евра, сума која била договорена кога беше прекината соработката на Аргентинецот поради медицински причини.

„Каталонците“ во совјот финансиски извештај за сезоната 2023/24 откриваат дека добиле тужба од Кун Агуеро, кој си бара сума од 3 милиони евра.

Како што пренесува АС, кога играчот и Барселона постигнале договор за прекин на соработката поради здравствени проблеми (аритмија на срцето), на напаѓачот му било ветено дека ќе добие сума од 3 милиони евра за првата година од двегодишниот договор.

Клубот од Камп Ноу планирал оваа сума да биде исплатена преку осигурувањето кое го имаат фудбалерите.

Сепак, осигурителната компанија одбила да ја исплати сумата со образложение дека повредата била стара (Кун Аугеро имаше проблеми со аритмија на срцето и пред да потпише со Барселона.

Па Кун Агуеро се обидел да ја наплати сумата од 3 милиони евра од Барселона, и откако не добил никаков абер, решил да поднесе тужба и преку судски пат да си ги бара парите).

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани