Зошто 54. и 56. минута се посебни за Ливерпул?

by
1 минути читање

Ливерпул синоќа направи голем, огромен пресврт, мечот го почна со негатива од 3-0, победи со 4-0 ја елиминираше Барселона и се пласираше во финалето од Лигата на шампионите.

Вајналдум постигна два гола, првиот во 54. минута, вториот во 56. минута. 

Кога станува збор за Ливерпул се присеќаме и на уште еден историски пресврт, а тоа e во финалето од Лигата на шампионите 2005 година кога на полувремето губеа од Милан со 3-0 и на крајот го кренаа големиот пехар.

И во тој историски пресврт Ливерпул постигна голови во 54. и 56. минута, Џерард намали на 3-1, а две минути подоцна и Шмицер даде гол.

Луда коинциденција, во натпреварите со историски пресврти за Ливерпул.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×