Зошто Селта одбива да му продаде играч на Јувентус и претпочита да го изгуби беспари?

by bojan
1 минути читање

Јувентус си подал рака со Оскар Мингеза, „старата дама“ сака да го ангажира дефанзивецот уште овој месец, но Селта одбива да го продаде и претпочита да го изгуби играчот беспари.

Голем број на извори од Италија пренесуваат дека Јувентус го договорил Оскар Мингеза, двете страни си подале рака за четиригодишна соработка и плата од 1 милион евра по сезона.

Сега само прашање е дали десниот бек ќе се пресели во Торино до крајот на месецот, или по крајот на сезоната.

„Старата дама“ инсистира да го добие Оскар Мингеза уште сега, па е подготвена да плати помеѓу 3 и 5 милиони евра.

Сепак, Селта одбива да го продаде и претпочита да го изгуби играчот беспари.

На прв поглед делува чудно зошто Селта не сака да заработи милионска сума, но објаснувањето на клубот од Виго држи вода.

Барселона поседува 50% од правата, па при еден ваков трансфер, Селта ќе инкасира помеѓу 1,5 и 2,5 милиони евра.

Ова е премала сума за да биде ангажирана соодветна замена, па за нив пологично е да не добијат ништо, наместо да останат без стандарден првотимец во остатокот од сезоната.

ФОТО: X/Celta

Можно е и ова да ти се допаѓа

×