Зошто раководството на Аталанта ги мрази колегите од Борусија Дортмунд?

by bojan
1 минути читање

Директорите на Аталанта повторно одбија да седнат на ручек со своите колеги од Борусија Дортмунд, нетрпеливоста датира од 2024 и поради трансферот на младиот Самуеле Инасио.

Во духот на спортскиот дух и почитта, директорите и функционерите од двата клуба седнуваат на традиционален ручек или вечерва во пресрет на натпревар во Лига на шампиони.

Но немаше ваква средба помеѓу раководствата на Борусија Дортмунд и Аталанта минатата недела, а последните информации велат дека „црно-сините“ од Бергамо и денеска одбиле да седнат на иста маса со своите колеги од Германија.

Нетрпението помеѓу двата клуба датира од 2024 година, кога перспективниот Самуеле Инасио го замени Бергамо со Дортмунд.

Напаѓачот беше еден од бисерите во школата на Аталанта, но реши патот да славата да го бара преку „жолто-црниот“ дрес.

Аталанта не ја боли тоа што Борусија Дортмунд им го „украде“ големиот талент, туку поради начинот на однесувањето на „милионерите“, односно што тие во ниту еден наврат не се јавиле за да кажат за својата намера, ниту пак сакале да седнат на маса и да разговараат и да најдат некој компромис.

Интересно, Самуеле Инасио е дел од тимот на Нико Ковач и вечерва би можел да добие шанса токму во својот роден град, и местото каде што ги имаше првите фудбалски почетоци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×