Зошто одлуката да биде поништен голот на Халанд и Собослаи да добие црвен е добра (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Во 100. минута од натпреварот меѓу Ливерпул и Манчестер Сити имаше необична ситуација која е и најкоментирана.

Алисон беше на половината на Сити, па гостите нападнаа од контра на празна мрежа.

Трчајќи кон топката, Халанд беше повлечен за дрес од Собослаи, но не падна, продолжи да оди напред. Потоа Халанд направи сличен фаул врз Собослаи и топката влезе во гол.

Судијата одлучи да му покаже црвен картон на Собослаи и да досуди слободен удар за Манчестер Сити.

Многумина сметаа дека судиите требаше да почитуваат предност и да го признаат голот. Тоа дури го кажаа и Халанд и Пеп.

Но, правилата не велат така. Во овој случај судиите не можеа да почитуваат предност бидејќи следното нешто кое се случи по досудениот фаул, беше влечењето прекршок од Халанд врз Собослаи.

Па доколку беше покажана предност, требаше да биде досуден фаул од Халанд, а не погодок.

Од таа причина судијата го вреднуваше фаулот на Собослаи и досуди прекршок, а тоа значеше и поништен гол.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×