208
Италијанскиот голман, Џиџо Донарума објасни зошто го одбрал дресот со број 25 во Манчестер Сити, има три причини за тоа.
Италијанецот за 27 милиони евра од ПСЖ се пресели во Манчестер Сити во последниот ден од преодниот рок.
Донарума одбра број 25 на дресот иако претходно не го носел во кариерата.
При преставувањето, Италијанецот објасни зошто го одбрал токму тој број.
„25 е бројот на датата на моето деби во Серија А, тоа беше 25. октомври, мојот прв професионален меч. Ова е датум и на мојот роденден (25 февруари) и на роденденот на Алесија, мојата девојка“, објасни Донарума.