Зошто Бразил направи дури 7 замени против Колумбија?

by bojan
1 минути читање
Бразил

Селекторот на Бразил, Доривал Жуниор синоќа направи дури седум замени против Колумбија, но нема простор за паника помеѓу „кариоките“, се е регуларно.

Бразил со гол во 99. минута и со многу среќа, откако ударот на Винисиус Жуниор се одби од главата на еден дефанзивец и го промени правецот, стигна до тешко извојувана победа над Колумбија во квалификациите за Светското првенство.

Но по крајот на натпреварот се крена голема дебата откако „кариоките“ направија дури 7 замени, последната во 102. минута, кога херојот Вини беше повлечен од игра и на негово место влезе Лео Ортиз.

Многумина стравуваа дека Бразил може службено да го загуби натпреварот, но нема простор за паника, се е регуларно.

На средината од второто полувреме дојде до судар помеѓу голманот Алисон и противничкиот дефанзивец Давинсон Санчез, па двете репрезентации ја искористија опцијата за дополнителна замена поради потрес на мозокот.

Ова автоматски повлече по уште една екстра замена за двете репрезентации, и домашниот селектор Доривал Жуниор реши да ја искористи во последните мигови за да украде некоја секунда.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани