Зошто Арсенал се уште го нема ангажирано Ѓокереш?

by bojan
1 минути читање

На „топчиите“ очајно им е потребен голгетер од светска класа, Виктор Ѓокереш беше идентификуван како топ трансфер цел, спортскиот директор Андреа Берта отпатува во Португалија на преговори лице во лице, но се уште нема договор за трансфер.

Арсенал полека почна да го склопува тимот за новата сезона, пристигна Кепа Аризабалага како втора опција за голманската позиција, а беше ангажиран и Мартин Зубименди од Реал Сосиедад.

Клубот од Северен Лондон наскоро ќе го потврди и трансферот на Кристијан Норгард од Брентфорд, но никако да пристигне аберот кој навивачите со нетрпение го очекуваат.

На „топчиите“ очајно им е потребен голгетер од светска класа и се очекува ова лето да пристигне засилување од ваков калибар.

Виктор Ѓокереш е идентификуван како топ трансфер цел, Швеѓанецот дури и ја остави девојката и се откажа од 2 милиони евра за да се пресели на „Емирати“.

Спортскиот директор Андреа Берта изминатиов викенд отпатува во Португалија на преговори лице во лице со своите колеги од Спортинг, но се уште нема договор за трансфер.

Причина за ова е прилично цврстиот став кој Спортинг го зазеде, и дојде до ситуација во која ниту еден од двата клуба не сака да попушти.

Последната понуда на Арсенал е 65 милиони евра, плус додатни 15 милиони евра во бонуси, од кои 5 милиони евра се лесно остварливи.

Спортинг ќе прифати продажба за 80 милиони евра, но структурата да бифе различна односно 70 милиони евра како фиксен дел, плус додатни 10 милиони евра во бонуси.

Останува да се види дали ќе биде пронајден компромис во следниот период, Виктор Ѓокереш не помислува да се врати во Лисабон и доби дозвола да го продолжи одморот.

ФОТО: X/Sporting CP

Можно е и ова да ти се допаѓа

×