Зошто Александер Исак се уште нема доставено официјално барање за трансфер?

by bojan
1 минути читање

Александар Исак со пост на социјалните мрежи стави јасно до знаење дека сака да го напушти Њукасл ова лето, но напаѓачот се уште нема доставено официјално барање за трансфер од причина што тоа може да му донесе значителни финансиски пенали.

Александар Исак доцна синоќа кажа што мисли за својата иднина, напаѓачот порача дека е најдобро за сите страни тој да се пресели во друг клуб (Ливерпул).

Во својата објава на социјалните мрежи напаѓачот посочи дека ветувањата не биле исполнети, довербата била загубена, па врската не може да продолжи.

Тој со недели одбива да игра за Њукасл, и очигледно прави се за да се пресели во Ливерпул освен една работа – се уште нема доставено официјално барање за трансфер.

Швеѓанецот не повлекува ваков потег од причина што тоа може да му донесе значителни финансиски пенали.

Официјално барање за трансфер се смета за повреда на договорот, што значи дека тој може да остане без правото на одредени бонуси, како бонуси за потпис и бонуси за лојалност.

А официјалното барање за трансфер не му нуди никаква гаранција дека ќе биде продаден, Њукасл без образложение може истото да го одбие и да инсистира дека фудбалерот не е на продажба.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×