Жоржињо имаше
тежок почеток по трансферот од Наполи во Челси, тешко му одеше адаптацијата во
новата средина, а беше најголемата желба кај Сари, по одличната соработка помеѓу
нив двајца претходно во Италија.
Во меѓувреме,
Сари се пресели на кормилото на Јувентус, па постоеа најави дека со себе може
да си го земе и својот омилен играч од средниот ред, меѓутоа до тоа не дојде, а
се чини дека конечно на Жоржињо му тргна во дресот на Премиерлигашот, особено
во стилот на новиот тренер Френк Лампард.
„Среќен сум за
тоа дека навивачите го променија мислењето за мене, работев премногу, никогаш
не коментирав ништо, само работев и работев, а резултатите дојдоа сами по себе,
премногу сум среќен поради тоа“ рече Жоржињо кој погоди од пенал во победата на
Челси против Брајтон изминатиов викенд, тој инаку по заминувањето на Азар стана
прв пеналџија во составот на Премиерлигашот.
„Ова е можност за
мене да докажам дека не сум тука само поради Сари, ланската сезона во неколку
ситуации ме правеше тажен, најмногу поради свирежите од трибините, меѓутоа си
дадов дознаење дека морам да работам за да го променам нивното мислење, да им
докажам дека грешат околу мене“ додава Жоржињо кој не крие дека има посебни
импресии кон Сари, меѓутоа во Челси е поради неговиот квалитет.
„Работевме заедно
цели четири години, премногу сум му благодарен за тоа што го научив од него,
меѓутоа, тука сум поради моите квалитети, за жал луѓето не можеа да го увидат
тоа ланската сезона“ заклучи Жоржињо.