Како што
пренесува Скај Спорт Италија, лидерите на „росонерите“ во Сардинија одржале
состанок со Жорж Мендеш.
Португалецот важи
за најмоќниот агент во светот на фудбалот, и веќе му беше од голема помош на
клубот од Сан Сиро овој преоден рок.
Тој издејствува
Андре Силва да заврши во дресот на „росонерите“ за 38 милиони евра и покрај тоа
што Порто бараше да се плати откупната клаузула од 60 милиони евра.
Извештаите велат
дека тема на разговор биле тројца играчи: Ренато Санчес, Диего Коста и Радамел
Фалкао.
Интересот на
Милан за Ренто Санчез не е тајна, самиот Португалец денеска потврди дека е
отворен за преселбата во Милано.
„Миланезите“ исто
така сакаат да ангажираат уште еден напаѓач до крајот на преодниот рок.
Диего Коста
сигурно ќе се пресели во Атлетико Мадрид, но Бразилецот со шпански пасош треба
да најде клуб во кој ќе настапува до јануари со оглед на тоа дека Антонио Конте
не смета на неговите услуги а „Колчонероси“ имаат забрана за трансфери.
Радамел Фалкао ги
остави повредите зад себе и минатата сезона во дресот на Монако покажа дека се
уште може да игра на највиско ниво, па може да биде интересна опција за Милан.