Жорге Жесус ги пренесе импресиите од изданието на Стефан Ристовски

by
1 минути читање

Синоќа екипата на Спортинг Лисабон одигра реми без голови
на домашен терен против Маритимо, во рамките на првото коло од групата „Б“ во
Лига купот на Португалија.

Ристовски ги освои и насловните страници на спортските весници во Португалија (ФОТО)

Она што нам не радува е секако фактот што 25 годишниот
македонски репрезентативец, Стефан Ристовски конечно одигра цел натпревар за
тимот од Лисабон, каде премина ова лето од хрватскиот првак Ријека.

Ристовски ги освои фановите на Спортинг, тие се едногласни: Тој е подобар од Пичини,треба да биде стартер! (ФОТО)

Пофалби за изданието на нашиот фудбалер стигнаа директно
и од стратегот од клупата на Спортинг Лисабон, Жорге Жесус, кој истакна дека
Ристовски дава мир во тимот во услови кога вон комбинација е Пичини,
Италијанецот кој се чини дека е дефинитивно прва опција во тимот.

Ристовски е фудбалер кој кога го немаме Пичини ни дава
сигурност. Тој се уште не е адаптиран овде, но дефинитивно ни дава мир во умот
во моментите кога ни е потребен
“ изјави шефот на стручниот штаб на Спортинг
Лисабон.

 

Извор/Фото: record.pt

Можно е и ова да ти се допаѓа

×