Зомер останува без договор, Интер веќе има фаворит за нов голман

by Стефан
1 минути читање

Во редовите на Интер според последните информации размислуваат и за промена на голманската позиција.

Јан Зомер ќе остане без договор по завршувањето на сезоната, па клубот веројатно ќе бара ново засилување, а повеќе опции веќе се на маса.

Во овој момент како најреална опција се споменува Гиљермо Викарио кој го чува голот на англиски Тотнем.

Според Фабрицио Романо, Викарио е подготвен да преговара со Интер и отворен е за летен трансфер, а исто така е и многу високо на листата на голмани кои „нераѕурите“ сакаат да ги видат во своите редови.

Инаку, Викарио се поврзуваше со Интер и во минатото пред да замине од Емполи, меѓутоа тогаш се одлучи за Лондон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×