Откако Роберто Де Зерби замина од Брајтон, напаѓачот Жоао Педро си ги кажа маките кои ги имал со италијанскиот тренер.
Тој вели дека било пеколно да се работи со Италијанецот, иако смета дека Де Зерби ќе стане голем тренер.
„На почетокот од сезоната се расправавме после секој тренинг“, вели Жоао Педро во подкаст.
„Тој е многу детален, дури не можеш ни да го разбереш. Ако направев нешто погрешно, тој полудуваше. Полудуваше до степен да фрла шишиња со вода“.
„Дури и доколку ја направите вистинската работа, но не ја направите на негов начин, тој ќе се вознемири. Тој полудуваше дури и за најглупави работи“.
„Многупати вознемирен го напуштав тренингот“.
Во дел од подкастот тој вели дека Де Зерби е меѓу најдобрите 10 тренери и доколку работи во тим со многу пари ќе биде незапирлив.