Синоќа поздравувањето меѓу Роналдо и Бруно Фернандеш во соблекувалната на португалската репрезентација беше незгодно за гледање. Се верува дека тоа е последица на интервјуто на Кристијано во кое нападна многу луѓе од Манчестер јунајтед, од сопствениците, преку тренерот, до поранешни играчи и тренери.
Жоао Марио денеска се обиде да објасни што точно се случило меѓу неговите двајца соиграчи од репрезентацијата и вели дека меѓу нив нема никаков проблем.
„Бев во соблекувалната во тој момент, го видов и видеото. Смешно е, тоа беше шега меѓу нив бидејќи Бруно беше еден од последните кои дојде и Кристијано го праша да не доаѓал со брод. Верувам дека снимката може да биде толкувана на неколку начини, но тоа беше шега меѓу нив двајца. Верувам дека односот меѓу нив е одличен бидејќи тие играат заедно. Вчера цел ден ги гледав, нема никаков проблем меѓу нив“, вели Жоао Марио.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.