Зачудува формата
на Атлетико Мадрид, која генерално гледано е доста лоша, со дури пет меча во
низа без победа, иако два од истите имаше натпревар со Реал Мадрид, меѓутоа,
без оглед на резултатите, играта на составот на Диего Симеоне е навистина загрижувачка
за тој клуб.
Рафаел ван дер
Варт, анализирајќи го градското дерби помеѓу Реал и Атлетико, кое заврши со
минимална победа на домаќинот, беше отворен во однос на ситуацијата со големото
засилување за „Јорганџиите“, Жоао Феликс, во однос на првата сезона за
Португалецот во „Примера“.
„Тој е одличен
фудбалер, меѓутоа во погрешен клуб. Кога го ангажираа, јас лично се понадевав
дека Симеоне ќе издејствува да промени некои работи во играта, меѓутоа далеку
од тоа, разбирам дека да се победува е мошне важно за еден клуб, меѓутоа, кога
имате таков талентиран фудбалер во својот состав, потребна ви е еден вид
промена во стилот на игра за да ги задоволите неговите потреби на теренот“ рече
поранешниот холандски фудбалер кој своевремено беше член на Реал Мадрид.
„Атлетико Мадрид
игра еден доста компактен фудбал, со голем фокус на дефанзивата, а напаѓа само
преку контри. Феликс, сметам дека е во погрешен клуб, кој воедно работи со
погрешен тренер“ додаде Ван дер Варт.
20 годишниот Португалец на 17 настапи за Атлетико Мадрид во „Примера“ постигна и два погодоци, меѓутоа се чини дека постои заклучок дека тој „страда“ од поставеноста на играта од страна на Диего Симеоне, а воедно и тешко се адаптира во таа филозофија на својот тренер.