„Знам што се случи“ – Оби Миекл објасни зошто пропаднал трансферот на Осимен во Челси

by bojan
1 минути читање
Осимен

Поранешниот фудбалер на Челси, Џон Оби Микел објасни зошто пропаднал трансферот на неговиот сонародник Виктор Осимен на „Стемфорд Бриџ“.

Во послендиот дел од летниот преоден рок, Виктор Осимен преговараше за трансфер во Челси, но зделката се изјалови и напаѓачот остана во Наполи, но неколку дена подоцна беше испратен на позајмица во Галатасарај.

„Знам што Виктор побара, знам и што клубот му понуди“ – вели Џон Оби Микел.

„Двете страни на крајот направија одредени компромиси, но едноставно фалеа некои ситни работи како документација и лекарски прегледи, за кои немаше доволно време да бидат комплетирани пред финишот на преодниот рок“.

„Виктор беше разочаран што не се реализираше трансферот, разговарав со него, му се јавив, поминавме едно 20 минути на телефон откако заврши преодниот рок“.

Поранешниот фудбалер на Челси потоа додаде: „Дефинитивно нема проблеми помеѓу двете страни, па ако се обноват преговорите во јануари или следното лето, ќе треба да се испеглаат само некои ситни детали за да се финишира зделката. Доколку Челси повторно изрази желба да го ангажира во јануари, и доколу Осимен сака да се пресели во Челси, точно знаеме на што сме“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани