„Знаете што траба да направите, два пати ја освоивте Лигата на шампионите“ – последната „лекцијa“ од Зидан пред финалето во Кардиф

by
1 минути читање

„Кралевите“ вечерва се среќаваат со Јувентус во финалето од Лигата на шампионите.

Реал Мадрид вчера ги имаше последните подготовки, а камерите го уловија тренерот Зинедин Зидан како им одржа мал мотивационен говор на играчите.

Французинот пред почетокот на тренингот ги собрал играчите во круг, и им порачал: „Она што го направивте за да дојдете тука е најважно, финалето не е толку важно“.

„Имаме неверојатна мотивација и утре ќе ја искористиме“.

„Но најважно беше она што го направивте за да дојдете тука“.

„Сега присетете се како успеавте претходно. Од искуство, знаете што треба да направите. Два пати ја имате освоено Лигата на шампионите, тоа е клучно“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани