526
Секогаш во светот на фудбалот ќе има потценети и преценети фудбалери, а „Give Me Sport“ направи листа на петте најпотценети фудбалери. Во изборот се најдоа три активни играчи кои уште настапуваат, но и две легенди – едната од нив е од Балканот.
Првото место го зазема Михаел Лаудруп кој е поранешен фудбалер на Реал Мадрид и Барселона.
На второто место котира Томас Милер, легендата на Баерн Минхен. Третопласиран е екс-капитенот на Ливерпул Џордан Хендерсон, а четврти е Дани Карвахал од Реал Мадрид.
На петтата позиција е Роберт Просинечки, поранешниот југословенски фудбалер и сегашен селектор на Црна Гора.