Исланд тргна со
реми од 1-1 против големата Аргентина на Светското првенство во Русија во
рамките на групата „Д“ каде Хрватска славеше против Нигерија со 2-0.
Агуеро ги доведе
Гаучосите во водство, но тимот кој никогаш не се предава со голот на Финбогасон
дојде до големо реми, бод како планина за таа селекција.
Веќе е познато
колкави фанатици на фудбалот се Исланѓаните, а според информациите кои
пристигнуваат од таму, дури 99,6 проценти од тамошното население го следело
натпреварот на нивната репрезентација.
За оние што ги
интересира следниот податок, како за илустрација, Исланд има популација од
334,252 жители, а ова се податоци од 2016. година, a на Мундијалот во Русија има некаде околу 30,000
фанови од таа земја, бројки што се доста респектабилни.
99,6% of all people in Iceland watching TV during #ARGISL
at @FIFAWorldCup
were watching the match. That is some statistic. #fyririsland
https://t.co/w8WNGpDoi9—
Knattspyrnusambandið (@footballiceland) June
18, 2018