Жиру заминува од Арсенал, но останува во Лондон?

by
1 минути читање

Арсен Венгер сака промена во напаѓачката линија, големи се шансите да успее да го ангажира Александре Лаказет од Лион.

Иднината на Жиру во Арсенал е загрозена и тој сигурно нема да биде прва опција на Венгер за идната сезона.

„Мирор“ пишува дека Вест Хем тргнува по Жиру со понуда од 20 милиони фунти и на фудбалерот ќе му даде подобра плата отколку таа што ја добива во Арсенал.

Вест Хем му нуди неделна заработка од 130.000 фунти, 10.000 повеќе од платата во Арсенал.

Жиру во Арсенал пристигна во 2012 година од Монпелје за сума од 11 милиони фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани