Жиру се договорил со Евертон, но трансферот пропаднал поради неговата сопруга, еве ги деталите

by
1 минути читање

Искусниот, 30
годишен напаѓач Оливие Жиру ова лето беше на чекор до преселба во редовите на
Евертон, но на крајот од бурниот последен ден од преодниот рок (вчера), сето
тоа стана јалов обид на Французинот, и тоа поради неговата сопруга.

Чарли Адам,
фудбалерот на Стоук и близок пријател на Жиру во изјава за медиумите на
Островот открива дека напаѓачот имал јасна намера да го напушти Арсенал.

Неговата сопруга
одби да се реализира тој трансфер, се беше договорено, тој сакаше да премине во
Евертон, но неговата сопруга тоа го одби
“ открива Адам.

Инаку холандскиот
стратег од клупата на Евертон, Роналд Куман го гледаше Жиру како идеална замена
за Ромелу Лукаку, кој направи трансфер во Манчестер јунајтед, но „Карамелите“
летово, барем кога станува збор за нападот, ќе се задоволат со враќањето на
Вејн Руни.

Во Арсенал веќе
прв избор во последната линија од офанзивата е летното засилување Алехандре
Лаказет, а на големо изненадување на сите, шанса пред Жиру добива и Велбек.

Жиру е веќе петта
сезона во дресот на Арсенал, тој уште во зимскиот преоден рок изрази
подготвеност да го напушти тимот, а летово тој беше решителен во својата
намера, но го спречила неговата сопруга. Договорот на Французинот со Топчиите
истекува за две години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани