31 годишниот француски
напаѓач од редовите на Арсенал, Оливие Жиру подолг период не е прва опција кај
Арсен Венгер.
Искусниот напаѓач на 12
натпревари постигна три гола оваа сезона, а изминатиов викенд одигра само 14
минути во дербито против Манчестер јунајтед каде Арсенал пред своја публика
загуби со 1-3.
Француските медиуми
пишуваат дека селекторот на Франција, Дидие Дешамп јасно му порачал на Жиру,
доколку сака да биде дел од Светското првенство во Русија идната година, во тој
случај ќе мора да најде нов клуб во јануари.
„Јасно е дека неговата
минутажа е проблем, самиот Дешамп му го има директно тоа укажано“ велат извори
за „Telefoot“.
Жиру во летниот преоден
рок беше на прагот да се пресели во редовите на Евертон откако клубот од
Ливерпул го продаде Лукаку во Манчестер јунајтед, а Французинот се споменуваше
како одлично решение за замена на Белгиецот.
Жиру во последен момент
го откажал трансферот во Евертон, а тоа значеше и рушење на идеито на тогашниот
тренер Роналд Куман, кој го посочи овој пропаднат трансфер како главната
причина за катастрофалниот старт на новата сезона.