Жиру: Голот за Франција е сличен на тој кој го дадов во дербито на Милано

by
1 минути читање

Франција ја победи Полска со 3-1, а Жиру беше стрелец на првиот гол. За него тоа беше 52. погодок за репрезентацијата со кој го помина Анри на вечната листа.

Во изјава за „РАИ Спорт“, Жиру голот за Франција го спореди со погодокот во дербито против Интер.

„Кога ја добив топката не знаев дали има дефанзивец позади мене или не, па требаше да се свртам и да шутнам“, вели Жиру.

„Овој гол беше сличен на оној во дербито против Интер. Не ја удрив топката толку добро, но мојот пријател Војчех Шчезни не успеа да ја фати“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани