Милан е на чекор до ангажман на Џошуа Зиркзе, последните информации велат дека напаѓачот прифатил плата од 4,5 милиони евра по сезона и сега останува уште да се договори провизијата за неговиот агент.
„Росонерите“ се на добар пат да ја победат конкуренцијата и да стигнат до потписот на Џошуа Зиркзе.
Попладнево беше објавено дека клубот од Сан Сиро веќе стапил во контакт со Болоња и ги известил популарните „рособлу“ дека ќе ја активираат откупната клаузула во договорот на играчот вредна околу 40 милиони евра.
Последните информации велат дека Џошуа Зиркзе сака само во Милан, па го прифатил предлогот за плата од 4-4,5 милиони евра по сезона и покрај тоа што можел да заработува повеќе во Арсенал.
Сега останува само уште една пречка, „росонерите“ треба да постигнат согласност со агентот на Џошуа Зиркзе за висината на неговата провизија.
Одредени извори пренесуваат дека тој побарал и до 15 милиони евра, но се верува дека двете страни ќе најдат компромис за сума од околу 10 милиони евра.